Ќе „летате“ од работа ако излезете да гласате

До Тимот за анализи и координација на ЦИВИЛ пристигна уште една пријава за закани кон вработените во една приватна фирма во општина во јужниот дел од земјата. Сопственикот на фирмата им се заканил на вработените дека дотолку излезат да гласаат дека ќе „летаат“ од работа. Според извештајот, овој настан се случил денеска, во текот на референдумскиот молк, што е додатно сериозна нерегуларност. 

Набљудувачите на ЦИВИЛ од терен известуваат дека вработените, во своите изјави, искажале страв за своите работни места.

ЦИВИЛ Медиа вчера објави случај каде што исто така еден сопственик на една приватна фирма од истиот дел на државата земјата им се заканувал на вработените да не излезат да гласаат на Референдумот. Податоците за фирмата и други детали за овие притисоци се познати на ЦИВИЛ, но не се објавуваат со цел да се заштитат изворите.

ЦИВИЛ ги повикува институциите да преземат решителни санкции кон сите субјекти што ја злоупотребуваат својата положба и вршат притисок врз гласачите во било кој контекст.

Тим за анализи и координација на ЦИВИЛ

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: English