Анкета: Власта води, „Пржино“ неспроведено, медиумите пристрасни

Во однос на спроведувањето на Договорот од Пржино, 55% од граѓаните сметаат дека тој е делумно исполнет, 34 %  сметаат дека е целосно исполнет, а 9 % дека не е исполнет. На прашањето, пак, дали сите партии се рамноправно застапени во медиумите, 57% од граѓаните сметаат дека тоа не е така, а 33% дека се застапени во медиумите сразмерно на нивната сила.

Инаку, според оваа анкета на Фактор Плус од Србија, владејачката ВМРО-

ДПМНЕ сѐ уште води пред опозициската СДСМ.  Според истражувањето на српската компанија, ВМРО-ДПМНЕ има рејтинг од 29,9%, потоа доаѓа СДСМ со 23,5 отсто од довербата, додека од албанските партии најмногу доверба има ДУИ со 10 отсто, а ДПА, пак, има 4,3 отсто поддршка од гласачите. Според оваа анкета, неопределени во Македонија се 28,5 отсто од гласачите.

Како што покажува анкетата, најважни теми за граѓаните се подобрувањето на секојдневниот живот, вработувањето, економскиот развој, здравството и социјалната заштита и осигурување. Само 16 отсто од испитаниците ја истакнуваат важноста на подобрувањето на меѓуетничките односи.

Ова испитување на јавното мислење е спроведено од страна на Фактор Плус Адриа преку телефонска анкета со која биле опфатени 1250 испитаници, во период меѓу 15 и 22 јануари 2016 година. Анкетата е по случаен одбирок, со стратификација според место на живеење и восраст, и маргина на грешка од +/- 3 %.

Print Friendly, PDF & Email