ЦИВИЛ повикува на воздржаност за време на референдумскиот молк

ЦИВИЛ - Центар за слобода ги повикува сите инволвирани страни во референдумскиот процес, вклучително и партиите, партиските функционери, медиумите и граѓанските иницијативи  да се воздржат од пропаганда и агитација, соодветно на Изборниот законик кој предвидува санкции за кршење на молкот.

Овој повик го упатуваме по бројните пријави на набљудувачите на ЦИВИЛ кои нотираа низа прекшувања на референдумскиот молк на социјалните мрежи.

Цивил – Центар за слобода вчера распореди 307 набљудувачи низ цела Македонија, од кои 30 се долгорочни набљудувачи што се активни подолг временски период. Тие будно ја следат ситуацијата и особено се посветени на евентуалното кршење на молкот, но внимаваат и на сите останати нерегуларности, како што се поткупот, заканите, притисоците и злоупотребите. Изборниот молк почна вчера од 12 по полноќ.

ЦИВИЛ – Центар за слобода ги повикува сите граѓанки и граѓани секое кршење на молкот да го пријават на  070/461 480 и 02/5209 176 или на веб страницата Слободни избори.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: English