Институциите глуви за маката на стечајните работници

Новинарите на Цивил Медиа разговараа со Лилјана Георгиевска од здружението УНИТ, позната како лидерка на стечјаните работници, за состојбата во која се наоѓа оваа категорија на луѓе. Кој припаѓа на оваа социјално загрозена категорија и колкумина се стечајани работници на ниво на Република Македонија. Георгиевска објаснува и за тешкиот живот на стечјаните работници и огромната стапка на морталитет. Ги повторува нивните барања и објаснува колку тоа би ја чинело државната каса. Побаравме нејзин коментар за владиното решение, донесено во предизборниот период, колку работници тоа ќе опфати, како и решението од 2008 година кое исто така беше донесено за време на предвремени парламентарни избори.

Георгиевска раскажува за поткупот на гласачи и причините зошто тоа успева кај оваа социјално загрозена категорија. Ни доловува колку е тешко да бидеш лидер на ваква група луѓе и притисоците и заканите со кои се соочува, како и обидите во 2011 година раководството на УНИТ да биде поткупено. Ги сподели со нас и нејзините очекувања од старо-новата влада.

Џелал Хоџиќ

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish