МВР на семејството Зеќири: Не излегувајте од дома и не давајте изјави на новинари

Член на семејството Зеќири од Радишани, кое беше цел на напади со националистичка позадина, Фаик Зеќири вчера се сретна со градоначалникот на Бутел и двајца претставници на Министерството за внатрешни работи, со кои зборувал за проблемите со кои се соочува ова семејство.

Цивил денеска го контактира Фаик Зеќири за да дознае што се зборувало на средбата. Зеќири револтиран изјави дека од МВР им рекле дека треба да не излегуваат од дома и да не даваат изјави на новинари и невладини организации, затоа што тие не можат да помогнат за решавање на случајот.

web mvr

“Тие ми рекоа да седиме дома и да не даваме изјави на новинари и невладини организации, затоа што тие не можат да ни помогнат. Како да не даваме изјави, кога бевме нападнати седум пати и ниеден случај не беше решен. Тие не ме прашуваат како ми е семејството и каде се половина од моето семејството? ", рече Зеќири.

Петрит Сарачини, граѓански активист цени дека институциите молчат за трагедиите што му се случуваат на ова семејство.

"Фрлањето бомби и постојаните закани кон ова семејство ја отсликуваат лошата состојба на меѓуетничките односи во државата. МВР дава негативна порака со тоа што ваквите случувања остануваат неказнети. Сите институции треба да преземат сериозни чекори за да се придонесе за решавање на овој случај”, рече Сарачини.

Првата Aлбанска партија која реагираше во врска со случајот е Партијата за демократски просперитет, која бара одговорност од Демократската унија за интеграција.

"ПДП смета дека овие напади имаат за цел етничко чистење на оваа територијата населена со Албанци и јавно ја прашува албанската партија на власт ДУИ дали има намера да преземе мерки за Албанските граѓани кои живеат во овој регион да имаат мирен живот. ПДП инсистира на тоа Министерството за внатрешни работи да излезе со јавно објаснување за ова што се случува во Радишани и да каже какви мерки се преземени досега за да престанат нападите врз ова семејство кое е принудено да го напушти родното место и да бара засолниште надвор од државата", стои во соопштението на ПДП.

МВР се уште не излезе со конкретни податоци за овој случај.

Арбана Ќерими

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish