Децата не може да се виновни за нападите на семејството Зеќири

Учениците од училиштата и децата од градинка не може да бидат виновни за последователните напади на семејството Зеќири. Ова денеска го изјави Фаик Зеќири, по средбата со претседателот на општина Бутел, директорите на училиштето и градинката, кои граничат со дворот на куќите на семејството Зеќири во населбата Радишани, како и со нивните соседи. Зеќири додаде дека нападите кои му се случуваат на неговото семејство се резултат на нешто друго.

„Се сретнавме со градоначалникот и тој имаше неколку забелешки дека директорите на училиштето и на градинката треба да имаат повеќе внимание. Но, не се децата кои се вртат во градинката тие кои ги прават овие работи. Според мое мислење, тука се има една друга цел бидејќи не станува збор за закани, туку за директни бомбардирања. Градоначалникот побара таму да има повеќе полицајци, но ова не значи дека полицијата ќе не чува нас секој момент. Мотивите се уште не ги знаеме. Разговаравме и со нашите соседи, меѓутоа ние со нив немаме проблем“, рече Зеќири.

Градоначалникот на општина Бутел, Петре Латиновски рече дека во градинките и училиштата ќе се постават  камери, со цел доколку нешто се случи, да биде фатено од сите страни. Тој додаде дека ќе им се изврши притисок на институциите за да се расветли овој случај.

„Целта на нашата денешна средба е да апелираме и да ги подржиме институциите, поточно  Министерството за внатрешни работи, овој случај да го расветли што побргу. Со расветлувањето на овој случај, ќе биде полесно за нас да спречиме да се искористи за други цели. Овој случај не треба да се користи за политички цели. Разговаравме и со директорите на училиштето сега, во време на матура, да бидат внимателни како се однесуваат децата и да не пијат бидејќи може да се дојде до некој проблем. Сите соседи рекоа дека никогаш немале проблем со ова семејство и ова кажува дека соживотот е добар во оваа општина“, рече Латиновски.

Арбана Ќерими

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish