Теарце: Конфликти и неплатен поткуп

Ноќта по изборите, активисти на ДПА и ВМРО-ДПМНЕ ја славеа победата по улиците на тетовско Теарце. Активистите на ДПА кажувале дека наводно нивната партија ќе влезе во идната владина коалиција. На овој начин биле провицирани и случајни минувачи.

Подоцна, помеѓу симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ од Теарце и тие од Доброште избил физички конфликт. И претходно имало разни судири и ривалство меѓу активистите на оваа партија од двете села. Во случајот тие наводно биле под дејство на алкохол. Ниту една институција не била известена  и не реагирала во овој случај.

Нашите набљудувачи нѐ известија дека околу 100 млади од Теарце се револтирани откако не ги добиле ветените 500 денари од страна на ДПА, за да го дадат гласот за нив.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish