Стари болести во новите финансиски извештаи на политичките партии

Државната изборна комисија ги објави финансиските извештаи за приходите и расходите на партиите за досегашниот тек на изборната кампања. Тимот на ЦИВИЛ - Центар за слобода веднаш започна со анализа на овие извештаи. Веќе на прв поглед, може да се забележи дека старите болести поврзани со финансиското работење на политичките партии се провлекуваат и во овој изборен процес. ЦИВИЛ ги повикува граѓанките и граѓаните самите да се уверат во оваа првична констатација и да ни ги испраќаат своите коментари и согледувања. 

Исто така, се повикуваат сите граѓанки и граѓани кои имаат информации за финансирањето на партиите, за начинот на кој се прават донациите и начините на кои тие средства се трошат, тоа да го пријават во ЦИВИЛ. Анонимноста на изворите на нашата организација секогаш максимално се почитува. Тоа, впрочем, е добро познато во јавноста, како што е познато дека ЦИВИЛ ужива огромна доверба кај сите граѓанки и граѓани на Република Македонија.

На Интернет страницата на Државната изборна комисија денеска е се објавени финансиските извештаи на партиите учеснички на предвремените парламентарни избори на 11-ти декември, до средината на предизборната кампања. Сите политички партии го испочитуваа законскиот рок за доставување на финансиски извештаи за првиот дел од кампањата.

izveshtajdik

Извештаите, освен до ДИК, се доставуваат и до Државниот завод за ревизија и до Државната комисија за спречување на корупцијата.

На Интернет страницата на ДИК се објавени извештаите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДПА, ДУИ, Коалиција за промени и правда - Трет блок, ПДП, Либерална партија, „Коалиција за промени и правда“, коалицијата „ВМРО за Македонија“, коалицијата „Алијанса за Албанците“, „Беса“ и Левица.

Најмногу донации од поддржувачи, од четирите најголеми политички партии, пријавила СДСМ - 9,5 милиони денари, па ВМРО-ДПМНЕ - 7,4 милиони денари, потоа ДУИ, со пријавени донации од речиси 7 милиони денари и ДПА со 602.000 денари

Покрај 11 партии и коалиции учеснички на изборите, ДИК го објавува и извештајот на Демократската бошњачка партија, која наведува дека „нема примено никакви донации од физички и правни лица на своја сметка“.

Според членот 84б од Изборниот законик, организаторот на изборната кампања е должен единаесеттиот ден од изборната кампања, да поднесе финансиски извештај за приходите и за расходите на жиро-сметката за изборната кампања од денот на нејзиното отворање до крајот на десеттиот ден од изборната кампања.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian