Укинат домашниот притвор на членовите на Левица: Победа на правдата?

По 45 денови, денеска им беше укинат домашниот притвор на членовите на партијата Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски, осомничени за учество во толпа и за напад врз Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов.

На барање на одбраната, на двајцата учесници во демонстрациите, Основниот суд Скопје им го укина домашниот притвор и им одреди мерки за претпазливост – одземање на патните исправи, со наредба да се јавуваат во одреден термин во судот.

DSC_1035

Со барањето на адвокатите се согласи и Обвинителството, под услов да им биде ограничен пристапот за време на протестите на Шарената револуција, што не беше прифатено од Судот. Следното рочиште е закажано на 6 јули.

Судскиот процес го следеа голем број граѓани, членови и симпатизери на Левица.

 

Print Friendly, PDF & Email