Судот повторно го одби СЈО: Нема мерки претпазливост за Груевски!

Основниот суд Скопје 1 не го прифати барањето на Специјалното јавно обвинителство за одредување на мерки за претпазливост за осомничените во „Случајот ТНТ“ – уривањето на објектот „Космос“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ексминистерот Миле Јанакиески и градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски.

„Постапувајќи по предлогот за определување мерки на претпазливост спрема осомничените Н.Г., M.J. и T.T., поднесен од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите“, судија на претходна постапка, донел решение со кое го одбил како неоснован предлогот на СЈО и против осомничените олитичари не определил мерки на претпазливост.

gruevski vo sud

                                                       Груевски - Кривичен Суд

СЈО има право во рпок од 24 часа да поднесе жалба до Кривичниот совет при Основен суд Скопје 1.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian