ОБИД ЗА МИНИРАЊЕ НА РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА ГТЦ

На прес конференцијата на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски и претседателката на Асоцијација на архитекти на Македонија (ААМ), Даница Павловска - Циги се изнесоа информации дека власта се обидува да го минира Референдумот за ГТЦ. 

Апелираме до граѓанките и граѓаните, жители на општина Центар, да го искористат своето право да учествуваат во референдумот кој е прв од овој вид во Македонија.

Бараме од властите на локално и национално ниво да ја почитуваат граѓанската волја.

Им порачуваме на сите што се обидуваат да го минираат овој процес дека таквото однесување е противуставно. Сите поттикнувачи, организатори и учесници во било какви обиди да се минира Референдумот треба да бидат земени на одговорност и да се соочат со законски пропишани санкции.

ЦИВИЛ - Центар за слобода го набљудува спроведувањето на Референдумот за ГТЦ со 79 набљудувачи.

[youtube]https://www.youtube.com/watch?v=zoKQzT8K2OA[/youtube]

Print Friendly, PDF & Email