ЦИВИЛ ги подобри и прецизира условите за користење и заштитата на приватноста на својата медиумска платформа

ЦИВИЛ – Центар за слобода ги известува редакциите и читател(к)ите дека во изминатиот период работеше на подобрување и прецизирање на условите за користење на содржините објавени на медиумската платформа на организацијата. Воедно, внесе и промени во степенот на заштитата на авторските права, а посебно внимание посвети на заштитата на приватноста на сите корисници.

Условите за користење, авторските права и заштитата на приватноста се објавени на овој ЛИНК. Посебно е важно да се обрне внимание на Упатството за преземање на содржините од медиумската платформа на ЦИВИЛ, кое го пренесуваме во ова соопштение.

Упатство за преземање

Преземањето на содржините од медиумската платформа на ЦИВИЛ е возможно на тој начин што над преземената содржина (текст или видео), на почетокот се истакнува линкот до почетната страна на сајтот. Така, на пример, доколку преземениот текст е изворно објавен на www.civilmedia.mk, се става токму тој линк.

Понатаму, не е дозволено преземање на целата содржина, туку максимум 50% од неа, доколку се работи за текст. Видео содржините кои се преземаат, мора да бидат со линк до нашиот сајт, а никако симнати и преобјавени на некој друг сајт или видео канал. На крајот од преземаната содржина, се става линкот до конкретната содржина што се презема. Пример: Целосниот текст, прочитајте го на следниов линк (копирајте го линкот од конкретната содржина).

Соопштенијата на ЦИВИЛ – Центар за слобода се објавуваат на www.civil.org.mk и може да се преземаат во целост, според лиценцата Creative Commons 4.0. Сите останати содржини се преземаат во согласност со условите опишани погоре.

Доколку корисниците не се придржуваат до условите за преземање, ЦИВИЛ го задржува правото тие содржини да ги наплати.

Содржините кои ЦИВИЛ Медиа ги објавува од други извори, за што секогаш има конкретен дисклејмер, не се дозволени за преземање. На пример: преземените содржини од МИА, не се дозволени за преземање.

Доколку редакциите се заинтересирани за поинаков вид аранжман, потребно е да се обратат по писмен пат до ЦИВИЛ – Центар за слобода, на [email protected]. За повеќе информации, јавете се на 02 / 5209 176.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish