Одговор на „поздравите“ до ЦИВИЛ

Од почетокот на изборниот молк до сега, дел од најистурените претставници на ЦИВИЛ добиваат различни видови „поздрави“ кои се со очигледна намера да ги заплашат.

„Нашиот одговор на секоја закана е јасен: Ние никогаш не се предаваме! Ќе останеме приврзани и верни на принципите и вредностите за кои се залагаме од основањето пред речиси две децении. Ниедна закана нема да нè спречи да стоиме цврсто во одбрана на човековите права и слободи, во одбрана на правото на глас.“ – изјави Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Print Friendly, PDF & Email