Тим на ЦИВИЛ и во Велес, Прилеп и во Битола

Работата на Државна изборна комисија и нерегуларностите во Избирачкиот список, злоупотребата на сиромашните за изборни цели, злоупотребата на малолетници во изборната камања, притисоците, уцените, заканите, злоупотребата на јавни ресурси, корупцијата, партиските вработувања, работата на други институции инволвирани во избирачкиот процес..., се дел од изборниот мониторинг на ЦИВИЛ.

Пред локалните медиуми на прес конференции во Велес, Битола и во Прилеп, претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала,  го презентираше и периодичниот извештај од изборното набљудување на ЦИВИЛ, давајќи им предност на новите случаи на нерегуларности со почетокот на изборната кампања, како и на фантомските гласачи, и притисоците кои со одминувањето на изборната камања, се сé поголеми врз наставниот кадар.

img_8461

Прес конференција, Прилеп, 26.11.2016

„Во основните и средните училиштата ширум Македонија, се забележува силен притисок врз малолетниците и условување на нивните родители врз грбот на децата. Оваа пракса мора да престане веднаш, а одговорните за ваквото криминално однесување кон децата и младите да бидат повикани на одговорност. Малолетниците мора да бидат заштитени од оваа валкана политичка контаминација!“, изјави Дерала.

Мобилниот тим на ЦИВИЛ во овие три града оствари средба и со мониторинг тимовите, граѓанските набљудувачи, но и со претставници на граѓанскиот сектор и политичките партии.

Б. Јордановска

 

Print Friendly, PDF & Email