Водич за родово насилство за медиумски работници

Националната мрежа против насилство на жената и семејно насилство во рамки на проектот „Насилството врз жените и медиумите: Унапредување на техниките за известување и медиумска покриеност на случаи на насилство врз жени“ на 30 мај со почеток во 10:00 часот во хотел „Порта“ во Скопје ќе го презентира Водичот во терминологијата за родово базирано насилство за медиуми и медиумски работници

Проектот е грантиран од програмата Цивика мобилитас, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС)  и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ), а во имплеметација на Националната мрежа против насилство врз жени и семeјно насилство – Глас против насилство во соработка со Здружението на новинари за човекови права.

 

Print Friendly, PDF & Email