Манчевски: Во копиите и оригиналите од записниците има сосема други бројки!

Дамјан Мачески, шефот на Изборниот штаб на СДСМ и на коалицијата „За живот во Македонија“, на прес-конференција денеска соопшти дека во тек е пребројување на гласовите, зашто, како што рече, во копиите од записниците од синоќа и во оригиналите доставени во ДИК, има различни бројки. Според Манчевски, сите опции се отворени, сѐдодека не се добијат финалните резултати од предвремените парламентарни избори, што се одржаа вчера.

Според досегашните неофицијални информации од ДИК, резултатот е 51:49 пратенички мандат, во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Но, според Манчевски, во моментов ретко кој се осмелува да го каже бројот на мандатите, зашто премали се разликите во многу избирачки места. Се собираат записниците од терен и не е исклучена можноста да има промени во бројките.

Ја имаме апсолутната бројка на гласови. Но, сепак, таа не е важна, зашто ги собираме записниците. Ги имавме вчера копиите, оригиналите покажуваат некои сосема други бројки. Во тек е броењето, ќе ве замолам да почекаме уште некое време. Апсолутно треба да ги почекаме официјалните резултати, за да може да се потврди дека со режимот е завршено. Мнозинството граѓани на Македонија, одлучно, храбро, сплотено како никогаш досега, на вчерашните избори избраа промени! Има сѐуште пребројувања на гласовите. Резултатот потврдува само едно: Режимот на Груевски е поразен! Времето на политичари како Никола Груевски заврши. Граѓаните избраа живот, избраа правда. Македонија гласаше за институции на и за граѓаните. Граѓаните ќе си ја вратат државата во свои раце. Испишуваме историја не само во државава, не само во регионални, туку, и во светски рамки. Поразивме режим - со пенкало, со глас!“, рече Манчевски заблагодарувајќи им се на сите граѓани, кои го дадоа својот глас за СДСМ и за коалицијата „За живот во Македонија“.

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian