Младите треба да го кренат својот глас!

„Мораме да обезбедиме вработувања по основ на квалитетен кадар, наспроти моменталниот тренд на вработување по основ на партиска книшка“, потецнирал Хасан Синани од ДПА, на настанот „Младински изборни муабети“, како дел од кампањата #Изборисе, на Националниот младински совет на Македонија (НМСМ).

Претставниците на помладоците на политичките партии муабетеа денеска за  младинската невработеност, за иселувањето на младите од Македонија и за младинско учество во политичките процеси. На настанот не присуствуваа претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ.

15391093_1109750489123782_1277764922533390071_n

„Иако точните бројки за иселените и невработените млади не ги знаеме, ние сепак, нив ги чувствуваме“, истакнал Стефан Богоев, од коалицијата „За живот во Македонија“.

„Доколку младите сакаат да напредуваат во нивната земја, треба да не зависат од никого, туку да го кренат гласот и активно да учествуваат во сите процеси“, бил ставот на  Нурџан Асановска, од „Беса“.

„Има низа законски интервенции донесени на штета на младите. Искористувањето на правата на младите не смее да се отежнува“, посочил Андреј Јованчевски, од Левица.

„Младите се креативни, и потребна е силна поддршка на нивните бизнис идеи од државата“, истакнал Александар Илиевски, од „Коалицијата за промени и правда“.

Настанот во организација на НМСМ се реализираше во рамките на програмата на Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ) во Македонија - „Зајакнување на граѓанското учество во политичките процеси“, финансиски поддржана од Националната фондација за демократија (НЕД).

 

Print Friendly, PDF & Email