Царовска: Промената на власта ѝ ја должиме на Македонија!

Мила Царовска од СДСМ која беше и претставник на најголемата опозициона коалиција на конференцијата „Слободни избори 2016„ во организација на ЦИВИЛ - Центар за слобода, потецнираше дека е залажување - очекувањето ВМРО-ДПМНЕ сериозно да се ангажира за овозможување на услови за фер и демократски избори и дека така само се троши можноста Македонија да се врати на вистинскиот пат.

„Промена на власта секако ќе се случи. Тоа ѝ го должиме на Македонија и тоа мора да се случи. Услови за фер избори нема, но работиме на откривање и пријавување на сите фантомски гласачи. Како партија, во ДИК ги пријавуваме сите случаи. Имињата, списоците ќе бидат предадени и на гласачките места, на набљудувачите, за да бидат полесно откриени... Од МВР, министерот Спасовски сите спорни гласачи ги предаде во ДИК и во СЈО и се спроведува постапка за тие 35.000 неподигнати лични карти. Поведена е и постапка за утврдување на непостоечко живеалиште. Министерката Ременски испрати предупредување дека за сите агитирања на раководителите и кадрите - во функција на изборите, ќе следат прекршочни пријави. Исто така, отворена е телефонска линија и портал каде може да се пријавуваат ‘фантомите’. Промени ќе има, а наша темелна определба е одвојување на државата од партијата“, потенцираше Царовска.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian