Крени го гласот!

Крени го гласот! - трибина за човекови права и слободи ќе се одржи во Велес во организација на Цивил - Центар за слобода и Работната група за човекови права - Велес (РГЧП), во рамки на проектот „Избери демократија!“. Трибината ќе се одржи во Ликовна галерија Велес, со почеток во 18 часот. 

VelesНа трибината, Цивил ќе го објави својот Извештај за дискриминацијата и кршењето на човековите права и слободи во општините во централниот и источниот дел на Република Македонија, врз основа на теренската работа на соработниците на проектот.

Поканети се граѓаните, претставниците на граѓанското општество, институциите на власта на локално ниво, канцеларијата на народниот правобранител и медиумите.

Проектот „Избери демократија!“ е проект за јакнење на јавната свест и граѓански активизам за човековите права, солидарноста и толеранцијата, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го спроведува Фондацијата Отворено општество - Македонија.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian