Protesta e punëtorëve të falimentuar (FOTO: Stefan Urxhanovski)

Цивил во поддршка на стечајните работници

ЦИВИЛ во потполност ги поддржува барањата на стечајните работници во Република Македонија. Голем дел од стечајните работници не беа опфатени со последните законски решенија за решавање на нивниот статус.

Протест на стечајните работници (ФОТО: Стефан Урџановски)

Протест на стечајните работници (ФОТО: Стефан Урџановски)

Ги повикуваме релевантните институции, пред сé, Собранието на РМ и Владата, да ги преиспитаат своите одлуки и да понудат подобри, сеопфатни и долгорочни решенија за оваа категорија граѓан(к)и. Сегашните законски решенија се делумни и не го решаваат проблемот на голем број граѓан(к)и кои се најдоа на социјалните маргини од почетокот на на транзиција во 90-те наваму.

Ги повикуваме сите соработници, поддржувачи и членови на ЦИВИЛ и на Работната група за човекови права при организацијата, да ја искажат својата поддршка на стечајните работници во нивните напори за остварување на нивните права. Наша должност е да ја искажеме нашата солидарност со сите граѓан(к)и и да бараме подеднакво почитување на сите човекови права и слободи за секого во оваа земја.

Стечајните работници за утре имаат закажано протести во 10 часот пред зградата на Сојузот на синдикатите. Протестот ќе продолжи пред Владата на РМ.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish