„Секој што ќе фрли камен кон полицијата е провокатор!“

Откако поминаа покрај Соборниот храм, сопрени на крстосницата пред Владата, демонстрантите извикуваат „Слобода на движење!“ и „Правда!“.

Известувачите на ЦИВИЛ јавуваат за млади луѓе со очила и качулки, меѓу  огромниот број граѓани, посочувајќи ги како потенцијални провокатори, поради кои ситуацијата може да ескалира.

[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=-6JecSWxe7s[/youtube]

Стојанче Ангелов смирува одделни демонстранти, велејќи  дека „секој кој ќе фрли и еден камен кон полицијата – е провокатор“, и дека „таквиот ќе биде приведен од самите демонстранти и предаден на полицијата“.

Еден од демонстрантите бара од првите редови да се вратат малку назад а да не се испровоцира акција на полицијата. Одекнува аплауз за полицијата. Неколкумина од деомнстрантите бараат да се блокираат сите крстосници.

 

Print Friendly, PDF & Email