Рекламите на Никола и на Си-Ен-Ен му ја затнаа устата!

Во нашата држава, веќе подолго време се дебатира за медиумите. Состојбата на медиумскиот пазар и во јавната сфера лебди во воздух, како и самата држава. Буквално сé е блокирано. Засега, нема никаков знак на дбижење напред. Медиумите, заеднички со политиката, се виновници за уривањето на државните институции  и на демократијата.

bad3efaa-2495-4a54-a401-ddd60bd033ad

Пишува: Шакир Ислами

Затоа, „лизгањето на почвата“ ги повлече со себе и медиумите, кои, инаку се сметаат општествени институции. Значи, медиумот, освен што функционира како стопанско претпријатие, бидејќи е подложен на законите на пазарот и функционира на медиумскиот пазар, има и социјална функција, придонесува за едукација (образованието) на граѓаните и за доградба на моделот на демократијата во општеството. Но, медиумскиот пазар е тој што одлучува за егзистенцијата на медиумот, каде што, медиумите се трудат да преживеат, или, во поинаков случај - банкротираат. И глобалниот медиумски пазар функционира по ист терк, според законите на пазарната економија, која како што се вели  според економскиот речник, ја регулира една „невидлива рака“. Толку за медиумите и пазарот.

Убеден сум дека сите го знаете, што е CNN (Си-ЕН-ЕН). „Татко„ на вестите во светот. Ако Си-Ен-Ен те спомнува за добро, те „видел Господ„. Ама, ако Си-Ен-Ен те спомнува по лошо, ти се „е... мајката„  или, те проколнал Господ. Секој политички тренд започнува од „Големата куќа„ и последниот збор на ова планета, ја има таа.

This is CNN! И точка!

Карши него, Македонија е малечка. Но, Никола е голем и многу итар! Верувале или не, Никола му ја затнал устата на Си-Ен-Ен! Алал нека му е! Свесен сум дека ова ви звучи како тема за рубриката „верувале или не“. Ви се колнам дека тој го нашол лекот - да му ја затне устата на Си-Ен-Ен!

Рекламата е лекот на медиумот. Таа е кислородот што го одржува во живот. Денес, „новинарските текстови служат за да ги полнат празнините останати од рекламите„! (Нека ми простат новинарите, така велат некои одтеоричарите на медиумите). Рекламирањето на Си-Ен-Ен, не чини колку на Сител, Шутка, Наша ТВ... и ТВ Ускана... Но, Владата на Македонија е верен муштерија на Си-Ен-Ен. Рекламите на Владата -  "Invest in Macedonia”, “Macedonian Tourisme” и “Macedonia Timeless”, во оваа куќа се поодомаќени отколку во јавниот сервис - МРТ. Веќе многу, многу долго време! На Си-Ен-Ен рекламираат „сиромасите“, како „ Roleks„, “Healthcare Center of Dubai”..., и други фамозни имиња во светот. Државите се рекламираат едно одредено време, нормално, и поради „изгор“ цените на рекламирањето во оваа куќа. Но, нашата Влада која „нема за леб“, троши без есап на скапи реклами (како што призна самиот министер)!

Алооо, на многу, мнооогу скапи реклами! Внимавајте до каде им оди „чаламот“ : и фамозната емисија на новинарот Ричард Квест - „Quest  means  business„ веќе долго време  ја „помагаат финансиски“  рекламите „Invest in Macedonia” and “Macedonian Тourisme”. Ова е невиден „чалам“, да си нема за леб, а да се рекламираш на Си-Ен-Ен! За ова Турците велат: „ем сиромав, ем голем патлаклија“.

Дека рекламите се многу важни за стопанството, тоа го знае и Муса Џафери. Ама, рекламите треба да донесат береќет и ќар на рекламодавачот. Рекламирањето не е спорт, и „трошење пари за чалам“. Затоа, да видиме колку инвестиции и колку туристи „донело“ рекламирањето на Владата во Си-Ен-Ен?

Помпезните ветувања на Владата веќе една декада се - дека секој ден се очекуваат големи странски инвестиции во нашата држава, но есапите велат поинаку, дека е „попушено“ и дека сите проекти доживеаја фијаско. Досега, Никола привлече само арамии и белосветски измамници и ајдуци, како Субрата Индиецот, и Евреинот со „Сведмилк“ кој ни ограби 10 милиони евра(!!?)..., и многу други стопански криминали. Додека, да се зборува за туризмот во Македонија е чист виц, туристите можат да се бројат на прсти! Тогаш, каде е стопанската смисла на овие реклами, кои, ден-денес непрекидно „се вртат“, дури и во време, кога нема влада и држава!!!???

Затоа, јас, како обичен економист, имам право и слобода да се сомневам во добрите економски намери при рекламирањето на мојата земја. Бидејќи, според економските теории, есапот е рамен - со нула, и според економските принципи и закони, рекламите се чистопромашување. Затоа, останува само мојот новинарски сомнеж. Зошто, и понатаму, упорно си го тераат истиот терк со овие реклами. И многу сум љубопитен да знам - зошто мислам дека и сите граѓани на Македонија го сакаат истото - колку чинат овие реклами и „финансиската помош“ на Си-Ен-Ен од Владата на Македонија? Како се оправдува економско-политички ова ептен скапо рекламирање на Си-Ен-Ен?!

Мојот сомнеж е дека Никола, преку скапите реклами, му ја затнува устата и на Си-Ен-Ен! Па, затоа, нема ниту една вест за политичката криза во Македонија.

Ало Си-Ен-Ен, имам една човечка молба до новинарот Ричард Квест: што се однесува до тие „ситни пари“ како „финансиска помош“ за Вашата емисија „Quest means business„ (чиј конзумент е и авторот на овој текст) и рекламите што се вртат на Си-Ен-Ен како во бавча во Полог, тоа се ограбени пари од сиромашниот народ на Македонија! Не верувам дека овие ајдуци Ви плаќаат со пари од нивните џебови. Ве молам, престанете со рекламирањето, оти ни ја е... мајката.

 

(Колумната е објавена на албански јазик na http://www.kumtesa.com/reklamat-e-nikolles-edhe-cnnit-ia-mbyllin-gojen/)

 

Print Friendly, PDF & Email