Ѕид на плачот на Широк Сокак во Битола

Цивил - Центар за слобода и Работната група за човекови права - Битола (РГЧП) утре (сабота, 22 февруари 2014 г.) ќе постават Ѕид на плачот на Широк Сокак во Битола, со почеток во 12 часот.

Flaer Bitola

Ѕид на плачот на Широк Сокак во Битола

Граѓан(к)ите на Битола и регионот се поканети да споделат искуства и информации за дискриминацијата и кршењето на човековите права и слободи. Овој настан е во рамките на проектот „Избери демократија!“ посветен на јакнење на јавната свест за човековите права  и солидарноста.

Во рамките на проектот, Цивил подготвува опширен извештај за состојбата на човековите права и слободи во Македонија. Информациите кои ќе бидат споделени на Ѕидот на плачот, ќе најдат свое место и во Извештајот чие објавување е закажано за 7 март.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian