Грабежот во Плусинфо има сомнителна заднина

Според информациите објавени на порталот Плусинфо, во седиштето на Редакцијата, синоќа после 21.30 часот било обиено. Речиси целокупната опрема, која се состои лап-топ компјутери и фотографска опрема е украдена. Симптопматична е постапката на разбојниците кои темелно претурале по фиоките, а на подот се забележуваат расфрлани службени документи на редакцијата – фактури, проекти, списоци и слично.

ЦИВИЛ – Центар за слобода ја изразува својата поддршка на Плусинфо и апелира до властите веднаш да ги пронајдат престапниците, со цел опремата да биде вратена на Редакцијата Плусинфо.

Политичките состојби во земјата ги оправдуваат сомнежите на ЦИВИЛ и на пошироката јавност дека во случајот Плусинфо не се работи за обичен грабеж, туку за притисок и пресметка со еден независен медиум, што е сериозен удар за целата слободномислечка јавност. Ги споделуваме сомнежите дека ова претставува атак со очигледна намера, не само да се нанесе материјална штета, туку да се заплашат новинарите и да се попречи нормалното функционирање на овој високо видлив независен медиумски продукт.

Апелираме и до донаторската заедница да ѝ помогнат на Редакцијата на Плусинфо да ги санира штетите што поскоро, за да продолжи со својата работа која е исклучително важна за развојот на демократијата во Македонија.

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian