Силна поддршка за Јанева од ЕУ амбасадорите

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева денеска доби поддршка за својата работа од сите евроамбасадори во Македонија.

12713958_10207182468871419_321261989_nСилната поддршка пристигна веднаш по средбата на Јанева со амбасадорите, на Твитер профилот на евромбасадорот Аиво Орав. Tој објави фотографија од денешната средба со коментар: “Сите евроамбасадори во Скопје, изразуваат силна поддршка за независноста на Специјалната јавна обвинителка Јанева и за нејзината работа.”

На средбата која не беше најавена, Јанева се сретна со речиси сите дипломатски претставници во Македонија, односно, како што може да се забележи на објавената фотографија,  со претставниците на Франција, Холандија, Германија, Шпанија, како и амбасадори од други земји-членки на Европската унија.

Оваа вест е достапна и на: Albanian