ТЕТОВСКИ РЕГИОН: ЗАКАНИ И УЦЕНИ ЗА АДМИНИСТРАЦИЈАТА, ВЕТУВАЊА ЗА ГЛАСОВИ...

Извештај на Работната група за превенција за тетовскиот регион, на Конференцијата на Цивил ДЕМОКРАТСКИ ПЕРСПЕКТИВИ, одржана на 1 март во Скопје

 

Во изминатите три недели во кои што активистите на ЦИВИЛ вршат постојан мониторинг на активностите поврзани со престојните избори, во Тетово и Тетовскиот регион не се забележани насилни инциденти односно инциденти во кои било употребувано оружје.

Сепак, според извештаите кои што ги добиваме од терен се забележуваат одредени појави кои што не се спрецифични за одредена општина, туку се општи и се случуваат во целиот регион. Во овој момент би издвоиле неколку вакви појави:

 

-          Во целиот регион политичките партии кои што претендираат на освојување на власта во општините (ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА и РДК) веќе подолг период имаат отворено свои штабови низ општините и активно работаат на промовирање на своте кандидати како и на програмите кои што тие ги нудат за време на овие локални избори, па и покрај тоа што кампањата за локалните избори се уште не е започната, на моменти се добива чуство дека регионот е длабоко навлезен во предизборието;

-          Се поголемо е присуството на кандидатите за градоначалници на поголемите општини (Тетово и Гостивар) и на социјалните мрежи, како преку креирањена фан групи, така и преку платени реклами;

-          Во поголемиот дел од општините забележано е активирање на ресурсите на локалната администрација во насока на промоција на актуелните градоначалници, нивните програми како и советничките листи на партиите од кои што тие доаѓаат;

-          Заплашувањето на административците, притисоците врз истите, како и заканите дека доколку победи едната или другата политичка опција тие може да останат без работа, за жал и овој циклус на избори не изостануваат, исто како што не изостануваат и обидите на добивање на гласову преку нудење на поволности како на пример: пакети со храна, повисока социјална помош, работни места, финансиски средства, помош во земјоделието, покачување на пензиите и слично

TetovoГенералната атмосфера е таква што се чуствува видна разочараност и апатничност кај голем дел од луѓето, кои што се разочарани како од генералната политичка ситуација, така и од политичките партии и се повеќе луѓе гласно размислуваат да не излезат да гласаат на престојните избори.

Print Friendly, PDF & Email