Граѓан(к)ите и денеска ќе протестираат за заштита на зеленилото во „Карпош“

Граѓанските организации “Ние сме Карпош 4” и “Зелено Тафталиџе”, со поддршка од жителите на Скопје, кои се засегнати од, како што велат тие, нетранспарентното и несовесно интервенирање во урбанистичкиот план на општина Карпош, во интерес на профитерскиот урбанизам, за денеска најавуваат блокада на раскрсницата кај трговскиот центар “Сити Мол”, со почеток од 18 часот. Оттаму, поворката ќе се упати кон паркот на улица „Букурешка“, кој е под закана на уништување, каде ќе биде одржана отворена дискусија.

Барањата кои ги упатуваат до градоначалникот Стевче Јакимовски се: стопирање на новите Детални урбанистички планови (ДУП), спречување реализација на дел од ДУП за регионот помеѓу бул. „Партизански одреди“, ул. „Московска“, бул. „Македонија“ и бул. „8-ми Септември“, со кој на местото на паркот на „Букурешка“ ќе изникне зграда, како и суштинско интегрирање на граѓаните во одлуките кои влијаат врз нивните секојдневни животи.

13307506_10153647281655036_3194162755549194875_n

Претходно, жителите на „Тафталиџе 1“ , протестираа за да го изразат своето незадоволство и револт против самоволието на општинските власти, кои сакаат да го узурпираат нивниот парк и да го уништат зеленилото со изградба на станбена зграда. Жителите на населбата  со петиција решија да и се спротистават на неправдата што им се нанесува. Според претставници на граѓаните, петицијата ја потпишале голем број соѓраѓани од целата Општина кои сакаат да го заштитат зеленилото.

karpos-2-500x230

ЦИВИЛ – Центар за слобода, од почетокот на оваа година, известува за заложбите на граѓанките и граѓаните на „Карпош“, кои во повеќе наврати, преку протести и блокади се обидуваат да ја зачувуваат животната средина и да го зголемат граѓанското учество во одлуките на Општината.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian