Македонија: Преглед на дневни настани (13 јуни 2016)

Дневен преглед на најважните настани во Република Македонија (13 јуни 2016 година): Нема притвор за градоначалникот на Битола, Владимир Талески || Неуспешно барањето на СЈО за измени на Законот за заштита на сведоци || Има минимум услови за избори наесен ||  Шарената револуција продолжува да одбројува ||Расправа за тоа дали СЈО е надлежно за случајот "Тврдина" || Судот одлучува за импичмнет за Иванов

timeline

Нема притвор за градоначалникот на Битола, Судот му го одзеде пасошот

13268363_969288853189584_4639187386465923789_o

По речиси два часа распит кај судија на претходна постапка, градоначалникот на Битола Владимир Талески, го напушти Кривичиот суд од задната страна. Талески беше придружуван од адвокатот Никола Додовски кој воедно е и адвокат на Никола Груевски. Иако обвинителите на Специјалното Јавно обвинителство донесоа кутии со докази, судот не одреди мерка - притвор за битолскиот градоначалник. Сепак, според соопштението на Судот, како мерка за претпазливост на Талески му е одземен пасошот.

Неуспешно барањето на СЈО за измени на Законот за заштита на сведоци

13410836_1138520479502201_1735303701_o

И покрај тоа што уште пред неколку месеци Специјалното Јавно обвинителство побара измени на Законот за заштита на сведоци од Собранието, засега партиите немаат голем интерес за изгласување на иницијативата. Од СДСМ велат дека тие и да ја покренат процедурата, не може да постигнат ништо без гласовите на ДУИ и ДПА. СЈО побара уредување на нивната надлежност во постапката за заштита на сведоци заради елиминирање на можноста за поставување на бројни пречки во работата.

Има минимум услови за избори наесен 

Со повлекувањата на аболициите и со одложувањето на изборите се исполнети минимални услови за организирање на фер и демократски избори, рече портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. „Сметаме дека веќе треба да се почне со преговори и со договарање на условите за да може наесен да се организираат фер и демократски избори. Ако почнеме денеска и ако имаме минимум политичка волја, нема зошто до октомври да не се создадат услови за веродостојни избори“, рече Шилегов.

 Шарената револуција продолжува да одбројува
dsc_0142-470x246

По синоќешната герила-акција на Мостот на цивилизациите, денеска „шарените револуционери“ беа во слична акција и на просторот пред Уставниот суд. Шарената револуција со бои напиша голем број „5“, за да покажат уште колку денови остануваат до испорачаниот рок до 18-ти јуни, а истовремено во круг впишаа - „СЈО е уставно“.  Со ова, демонстрантите продолжуваат да одбројуваат и потсетуваат на двете клучни барања – Уставниот суд да се произнесе за уставноста на СЈО, а бараат да престане и прогонот за сите учесници во протестите на Шарената револуција.

Расправа за тоа дали СЈО е надлежно за случајот "Тврдина"

Во образложението на судот на барањето на СЈО, од тимот на Катица Јанева гледаат други мотиви освен доуредување на документацијата, а тоа е проблематизирање на надлежноста на Обвинителството, и тоа само за еден предмет - во кој еден од осомничените е поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Судот случајот „Пуч“ го враќа онаму каде што застана и бара осуденик да се врати во затвор, а за предметот со опремата за прислушкување, Судот бара Јанева да се оправда зошто го зела.

Собранието одлучува за импичмент за Иванов

13055765_955247861260350_2218074716732916159_o-470x246

Собранието денес започна расправа за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов. Пратениците со различни мислења. Претседателот Иванов ги прекрши Уставот и законите и стана симбол на „груевизмот“, со одлуката за 107 помилувања на 56 лица донесени во еден ден, обвинија од опозицијата. Пратениците од ВМРО ДПМНЕ  сметаат дека Иванов  постапувал во согласност со Уставот и законот за помилување. Иванов не присуствуваше на денешната седница. Одлуката за почнување постапка пред Уставниот суд за утврдување на одговорност на претседателот, треба да ја донесат  две третини од вкупиот број пратеници, односно најмалку 82 пратеника.


german-cooperation-logo-c

ЦИВИЛ го објавува овој преглед на  настани со цел да придонесе кон објективното информирање за настаните и процесите, но и за настани за кои еден дел од медиумите во Република Македонија не информираат или информираат многу малку. Вашето мислење е важно за нас. Ве молиме, вашите коментари, сугестии, информации, фотографии и видео прилози испраќајте ги на нашата Фејсбук страница или на e-mail: [email protected]

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish