Дерала: Во Теарце апстиненцијата чини меѓу 3.000 и 6.000 денари по глас!

„Овие денови во оваа општина има обиди граѓанките и граѓаните да се обесхрабрат за гласање, да ја намалат излезноста на овие избори, односно на прегласувањето, во недела, на 25-ти декември. Има доста индикации, има веќе и сведоштва“, изјави пртседателот на ЦИВИЛ - Центар за слобода, Џабир Дерала, на прес-конференцијата што вчера се одржа во Теарце.

„На пат е и обезбедувањето докази за вакви дејства на одредени политички партии. Тоа се моменти кога ние треба да кажеме јасно и гласно, дека е тоа забрането со закон и дека со тоа се крши фундаменталното право на глас, тоа е крајно непринципиелно. Дознаваме дека гласот, односно апстинирањето од гласање во недела, чини меѓу 3.000 и 6.000 денари“;

Дерала ги повика надлежните институции да обезбедат слободни избори на 25 декември.
„ЦИВИЛ во Теарце денеска се обидува на граѓанките и граѓаните  од оваа Општина да им соопшти дека никој нема право да им го одземе правото на глас. И дека секој обид да се спроведе незаконска акција од типот на поткуп на гласачи е казнива со закон! Изборниот процес го набљудуваме подолго време. Дојдовме до сознанија дека во тек се активности за поткуп и овде во оваа Општина, како што тоа беше случај во претходниот период, во предизборието и на денот на гласањето, на 11-ти декември“, рече Дерала.
Print Friendly, PDF & Email