Герила акција: „ За почиста Битола, затворете го градоначалникот!”

Граѓанските активисти од Битола, синоќа спроведоа нова герила-акција. Фонтаната во градскиот парк, во близина на плоштадот “Магнолија”,  која е опколена со штитовите со сонцето од Вергина (Кутлеш), беше наполнета со пена. Пораката која на овој начин ја испратија е: „ За почиста Битола, затворете го градоначалникот!”. Покрај пената поставен беше и пасош со натпис: “За 2- че (Двојче), извини шо се видовме”.

13434120_10154390825057722_1859505848_n

Герила-акцијата беше извдена откако претходно, градоначалникот Владимир Талески, беше повикан на двочасовен распит  во Основниот суд во Скопје. Предлогот на Специјалното јавно обвинителство на Талески да му биде одредена мерка притвор, беше одбиен, но Судот му одреди мерка одземање на пасош.

Владимир Талески е еден од осомничените во предметот „Транспортер“ што го отвори Специјалното Јавно обвинителство,  а кој се однесува на незаконско местење тендери за превоз на ученици од Битола. По укинување на аболициите од претседателот Ѓорѓе Иванов, СЈО побара и да се одреди мерка притвор за битолскиот градоначалник.

13268363_969288853189584_4639187386465923789_o

Граѓанките и граѓаните на Битола, веќе два месеца секојдневно протестираат и преку герила акции бараат оставка од Талески, а една од причините е токму случајот што СЈО го отвори против него.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian