ДИК го зголемувa тимот

Државната изборна комисија, во утрешните изданија на весниците „Дневник“, „Утрински весник“ и „Коха“, ќе објави оглас за вработување на 10 извршители на определено време, чијшто работен ангажман се предвидува да трае до 31.12.2016 година.Информацијата за овие вработувања во ДИК и утрешниот оглас е објавена денеска на Фејсбук страницата на ДИК.

“Прочитајте го огласот и аплицирајте! Придружете ѝ се на ДИК во остварувањето на мисијата за организирање и спроведување на фер и демократски избори!”, стои во објавата на ДИК на популарната социјална мрежа.
dikidiots

Print Friendly, PDF & Email