По вчерашниот успешен работен ден во Штип и Велес, ЦИВИЛ – Центар за слобода продолжува со активностите и денес, во Гевгелија и Струмица.
Тимот на ЦИВИЛ попладнево ќе биде во Гевгелија каде ќе одржи состанок со Регионалната работна група за слободни избори. Средбата ќе се одржи во хотелот „Аполонија“ со почеток во 16:15 часот. На состанокот се поканети претставниците на политичките партии на локлано ниво, претставници на локалните невладини организации и медиумите.
Теми за разговор ќе бидат актуелната политичка криза, политичката дискриминација на локално ниво, состојбата на медиумите, злоупотребата на јавната администрација за политички цели, како и евентуалните активности кои можат да се преземат за подобрување на политичката состојба и за овозможување на услови за одржување на фер, демократски и слободни избори во април.
Работниот состанок е во рамките на проектот „Слободни избори за слободни граѓан(к)и“ поддржан од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
Вечерва, тимот на ЦИВИЛ ќе има и работната средба со мониторинг-тимот во хотелот „Есперанто“ во Струмица. На средбата ќе се дискутира за извештаите на мониторинг-тимот за струмичкиот регион. Алармантната состојба со кршењето на човековите права и слободи, пред се, кршењето на гласачкото право, и политичката состојба на регионално ниво, се исто така, теми на денешната средба.
Средбата во струмичкиот регион е во рамките на проектот „Моето гласачко право“ поддржан од проектот на УСАИД за граѓанско право.