Апел за солидарност за настраданите во поплавите!

Сведоци сме на катастрофални пополави во Босна и Херцеговина и во Србија, каде водата носи се пред себе, а нашите соседи остануваат без покрив над главата.

Веќе се избројани десетици жртви во двете држави. Вистинската бројка на загубени животи ќе се знае по повлекувањето на водите. Материјалните штети од поплавите се огромни. Голем број граѓани на Србија и БиХ во неколку минути и часови загубиле се што созадавале со години.

EVAKUISANJE STANOVNISTVA

Ова може да се случи секаде и секому. Затоа, упатуваме апел да се помогне во хуманитарните акции - секоја помош, секоја донација е добредојдена, во зависност од можностите!

EVAKUISANJE STANOVNISTVA

Покрај финансиската помош, на граѓаните на БиХ и Србија во моментов најпотребно им е:

Храна: Флаширана вода, бебешка храна, конзервирана храна, млеко, сушено овошје и сушено месо, слатки и храна за болни од дијабетес...

Прибори за јадење и за чистење, крпи, кеси за отпадоци, гумени ракавици..

Лекови, средства за лична хигиена, средства за хигиена, завои, гази, маски, ракавици за еднократна употреба, батерии, свеќи, јажиња, лопати, мотики, чекан, изолир траки...

Цивил - Центар за слобода во наредниве денови ќе организира хуманитарна помош и ќе собира средства и донации кои ќе бидат доставени до српските надлежни инстанци, со цел да им се помогне на оние кои загубија буквално се во катастрофалните поплави.

Ги потсетуваме граѓаните дека можат да донираат 100 денари со вртење на телефонскиот број 143 400 од сите мобилни оператори.

Амбасадата на Србија во Скопје на својата веб страница ги објави можните начини за донирање за помош на лицата кои настрадаа во поплавите.  Парична помош може да се даде и преку веб страницата Донирај.мк.

Цивил - Центар за слобода повикува на хуманост, солидарност и поддршка од секаков вид. Потребни сме им на нашите соседи и пријатели, повеќе од било кога.

Print Friendly, PDF & Email