ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни изборни набљудувачи, рокот истекува на 8 април

ЦИВИЛ отвори повик за мобилни краткорочни изборни набљудувачи на изборниот процес 2024 година. Рокот за пријавување за краткорочни изборни набљудувачи во составот на ЦИВИЛ е до 8 април, 20 часот.

ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА

Според стандардите на ЦИВИЛ, функционери и активисти на политички партии немаат право на учество на овој повик. Не е дозволено да се биде набљудувач на две организации истовремено.

За сите кандидат(к)и е важно да знаат дека мониторингот на ЦИВИЛ подразбира мобилност, посветеност и непристрасност. Краткорочните набљудувачи се активни во текот на изборниот молк, на денот на гласањето и еден ден по гласањето.

„Предност во процесот на избор за набљудувачи, како и секогаш, имаат членовите и поддржувачите на ЦИВИЛ, поранешни набљудувачи, како и оние што учествувале во претходните активности на организацијата“, соопштува организацијата и додава дека набљудувачите се стекнуваат со можност за работен ангажман и во идните проекти на ЦИВИЛ.

Пријавувањето е онлајн, преку ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА. Сите полнолетни граѓанки и граѓани на Република Северна Македонија имаат право да бидат изборни набљудувачи на ЦИВИЛ, со исклучок на претходно активно вклучени лица во изборниот процес.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА

Print Friendly, PDF & Email