Aд-хок телото за медиуми виси

Членовите на Привремената комисија за медиумска регулација, попознато како ад-хок тело за медиуми, ниту денеска не постигнаа договор за избор на петтиот член. Со ова практично не е исполнет делот од Договорот од Пржино, кој се однесува на медиумската регулација во периодот на предизборието.

Според тоа, на лидерската средба закажана денеска, ќе треба да се бара ново политичко решение, за конечно да профункционира ад-хок телото, кое треба да гарантира медиумска балансираност три месеци пред изборите.

Новинарот Сефер Тахири, предлог на Горан Трпеновски и Љубомир Костовски, (членови на телото предложени од СДСМ) не бил прифатливо кадровско решение за Слаѓана Димишкова и Цветин Чилиманов (новинари кои ги предложи ВМРО-ДПМНЕ).

ЦИВИЛ, како и ЗНМ, ССНМ, експертите за медиуми и дел од граѓанските организации се сомневаат дека оваа Привремена комисија, со членови делегирани од политичките партии, може да го врати објективното и балансирано информирање на македонската медиумска сцена.

М.Т. 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian