Тркалезна маса за денот на победата над фашизмот и денот на Европа

По повод 9 мај, денот на победата над фашизмот, во организација на „Фронтот за слобода на изразување” ќе се одржи тркалезна маса во ГЕМ клубот во Старата Скопска Чаршија.

Во многу земји во Европа 9 мај се одбележува како Ден на победата над фашизмот или како Ден на Европа. Но, дали фашизмот е победен во Европа или повторно воскреснува во неофашистичките и неонацистичките групи и партии како што се „Златна Зора“ во Грција, „Џобик“ во Унгарија или во ултранационалистичките партии како „Атака“ во Бугарија.

На оваа тркалезна маса ќе дискутираат претседателот на Цивил, Џабир Дерала, извршната директорка на Хелсиншки Комитет, Уранија Пировска, како и Ирена Цветковиќ, Никола Гелевски, Владимир Милчин, Џелал Хоџиќ и Жарко Трајаноски.

Арбана Ќерими

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish