Прилеп: Поздрав за полицијата, а јајца врз Градската куќа

Прилепчани, вчеравечер малубројни, по викенд паузата, го продолжија граѓанскиот протест во 19 часот, на плоштадот „Александрија“, пред Камената бина во центарот во градот. Со жестоки критики до власта, нарекувајќи ја „криминална и корумпирана“, порачаа дека не се плашат и дека протестите ќе продолжат.

Граѓанскиот активист Марин Бабиќ, ги повика граѓаните од албанска националност, коишто живеат од соседните прилепски села, да им се придружат на протестите, како што рече, до конечно симнување на режимот.

[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=hEATVtMyboo[/youtube]

Активистот Филип Попоски, му порача на министерот Митко Чавков, дека и граѓаните во својата меморија имаат врежано многу работи, коишто ги паметат, како крвавиот масакр кај Смилковско Езеро...

 

[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=5dv5FbyusvA[/youtube]

По акцентирањето на барањата на здружението „Протестирам“, кога демонстрантите тргнаа од плоштадот кон споменикот „Карпалак“, нагло и масовно нивниот број се зголеми.

Колоната незадоволни граѓани, со звуците на „Бела Чао“, веејќи македонски знамиња се упатија пред Градската куќа. Во знак на револт, тие фрлаа јајца врз прозорците од општинската зграда, а на крајот, со ракоплескање ја поздравија полицијата, која што го обезбедуваше објектот.

Протестите во Прилеп, продолжуваат и вечерва, во исто време, во центарот на градот.

[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=Oncwo6a3ZWg[/youtube]

Моника Талеска

Print Friendly, PDF & Email