Шарената револуција до пратениците: Не смее да има компромиси околу правдата!

Шарената револуција бара од пратениците во Собранието да „не учествуваат во работата на Собранието се додека Уставниот суд не се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство и се додека не се гарантира учество на претставници на граѓанскиот сектор во разговорите и преговорите за излез од политичката криза“ 

„Уште еднаш ве уверуваме дека граѓаните одлучија да земат активна, конструктивна и одговорна улога во актуелната политичка криза и и дека 70-дневните протести и улични дејствија, изградија јасен граѓански, политички и вредносен став од кој нема отстапување. Нема отстапување од правдата и нема отстапување од одлучноста да се чуе и уважи гласот на граѓаните", се вели во соопштението на Шарената револуција.
IMG_8378
Активистите кои се дел од движењето имаат неколку барања до актуелните пратеници.
"Пратеници, од вас бараме да дејствувате и да им помогнете на граѓаните да ја обезбедат заштитата на Специјалното јавно обвинителство, институцијата - симбол на правдата, институцијата која вие ја изгласавте без ниту еден глас против. Бараме од вас да застанете и во одбрана на Член 2 од Уставот на Република Македонија и да им помогнете на граѓаните да се изборат за тоа дека 'суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните. Граѓаните на Република Македонија власта ја остваруваат преку демократски избрани претставници, по пат на референдум и други облици на непосредно изјаснување'. Пратеници, за да покажете дека стоите во одбрана на правдата, суверенитетот на граѓаните и Уставот, од вас бараме да не учествувате во работата на Собранието се додека Уставниот суд не се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство и се додека не се гарантира учество на претставници на граѓанскиот сектор во разговорите и преговорите за излез од политичката криза, во улога на набљудувачи, извествувачи за јавност и консултанти", стои во соопштението. 
Од Шарената револуција бараат што поитно да се постапи по нивните барања и препораки.
"Пратеници, дејствувајте веднаш и притоа, имајте ја предвид итноста на ситуацијата, решителноста на граѓаните да не се откажуваат од своите зацртани цели, но и тоа дека во јавноста постојат јасни заложби за заштитата на СЈО и за активното учество на граѓанскиот сектор во разговорите и преговорите. Дејствувајте итно по ова барање на граѓаните и преку ваше неучество во работата на Собранието укажете им јасно на Уставниот суд и на политичките актери кои се противат на граѓанското учеството во преговорите дека не смее да има компромиси околу правдата и околу демократската определба на Република Македонија".
IMG_0663
Соопштението завршува со уште едно потсетување на барањата на Шарената револуција, поради кои изминатите два месеци континуирано се протестираше низ цела Македонија.
Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian