Демократски протести и вчера во Битола и Куманово

Деветти ден по ред, мирни протести во Битола. Повеќе од 3.000 демонстранти тргнаа од пред споменикот на народниот херој Стив Наумов, со заедничка цел да го изразат својот револт, гнев и бес, за она што му се случува на градот.

Широк сокак, Битола, 21 април 2016

Широк сокак, Битола, 21 април 2016

Во извештајот кој пристигна од терен, а кој зборува за мотивот што секојдневно ги обединува битолчани се вели: “Во градот е блокирано сé. Администрацијата во Општината работи под страшен притисок, сметките на најголем број од училиштата во Битола се блокирани, односно, нивното работење е отежнато, заради обвиненијата на неколку од директорите и директорките. Притворањето и сослушувањето на одредени управители на превозни претпријатија, внесе страв кај голем број луѓе поврзани со работата на општинската каса. Заради тоа битолчани и битолчанки, од протестот порачуваат: „Нема правда, нема мир!“, „Оставка!“ „Нема аболиција!“

13052718_10153740811163740_2037205438_o

Битолски автобуси пред Универзална сала во Скопје, 21 април 2016

Протестот во Куманово започна пред Основниот суд, од каде кумановчани продолжија низ градските улици и заврши пред згрдата на “Комитет”. На протестот на кој присуствуваше и градоначалникот Зоран Дамјановски, повеќе од 2.000 демонстранти извикуваа: „Нема правда, нема мир!“, „Лопови!“, „Оставка!“...

13046324_10153742335948740_1351751462_n

Шарена револуција во Битола, 21 април 2016

Протести и во Битола и во Куманово, ќе има и денес. Контра-протести во овие два града вчера немаше. Контра-демонстранти кои во изминатите денови протестира во Битола, под уцени и закани, беа превезувани во Скопје, каде се приклучија на контра-протестот на ГДОМ. Потврда за тоа се големиот број на автобуси со битолски регистрации кои пристигнаа во Скопје, непосредно пред почетокот на протестот.

Прилогот го подготвија долгорочните набљудувачи на ЦИВИЛ, во соработка со граѓанските новинари од Битола и Куманово
Print Friendly, PDF & Email