Велешани ќе протестираат се до освојувањето на слободата

Граѓанките и граѓаните на Велес, по дваесет и први пат, синоќа протестираа во боите на Шарената rеволуција.

Како што за ЦИВИЛ Медиа, информираше долгорочниот набљудувач од овој град, протестот започнал  од пред кружниот тек кај „Авона“.

13313721_10209781814924809_955669500_o

Демонстрантите се движеле по улицата „Благој Ѓорев“, покрај кафе баровите во Велес, извикувајќи: „Апаши!”, „Вратете ги парите!”, „Бардовци за Илија!”, „Поддршка за СЈО!”, „Револуција!”, „Затвор за фашистите!”, „Мафија на робија!”… Тие уште еднаш ги повторија барањата на Шарената револуција, и потсетија дека селективната правда не е правда, и дека протестите ќе продолжат до целосното осварување на правдата и владеењето на правото.

Протестот завршил на плоштадот С'рмаале каде свои обраќања имале Лилјана Ноневска и Виктор Алексовски од Велес, и Игор Трајчевски и Мила Царовска од Скопје.

Протестите во Велес продолжуваат во среда.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian