Јавна дискусија: Плурализмот и политичката криза

ЦИВИЛ – Центар за слобода ја организира четвртата јавна дискусија на тема „Плурализмот и политичката криза“ која ќе се одржи во вторник, 10 мај 2016 година во хотел Континентал, Скопје, со почеток во 10:30 часот.

4th event Pluralism may 2016 - CКако говорници на овој јавен настан се поканети највисоките претставници на сите политички партии во Република Македонија, парламентарни и вонпарламентарни. Претставници на граѓанското општество, медиумите и меѓународната заедница, исто така, се поканети на оваа јавна дискусија.

Појдовни тези и прашања за дискусија: Без оглед на тоа дали ќе се помести датумот на изборите или не, најголем дел од партиите на опозицијата најавија бојкот на изборите (5 јуни). Кои се импликациите од оваа одлука? Дали ова ќе придонесе кон решавање на кризата или ќе ја продлабочи? Дали, ако се помести датумот на изборите, треба да има нов датум за избори или мора да се инсистира прво да се создадат услови за слободни избори, а потоа да се утврди датум за нив? Дали се гледа излезот од политичката криза во Македонија? Како и што понатаму?

Говорниците имаат по 3 минути да ги изнесат своите ставови во првиот час од дискусијата, по што подиумот ќе биде отворен за прашања и коментари (до 1 минута) од останатите учесници и публика.

Настанот се одржува во рамките на проектите „Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“, поддржан од Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија и „Напред!“ – проект за изборен мониторинг, финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.

Заинтересираните го најавуваат своето присуство на: 02 / 520 91 76; 075 389 698; [email protected]

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish