И Вишото обвинителство го штити Неделковски!

Здружението на новинари на Македонија со став дека „обвинителот Шаќири си поигрува мајтап со правниот поредок на земјата... Станува јасно дека смртните закани кон новинарите се порачани од врвот на власта, која го користи Неделковски како мегафон да предизвика страв и несигурност кај новинарите и да ги одврати од намерата да пишуваат за нејзините недемократски практики на владеење“

„Не сум изненаден од одлуката на Вишото обвинителство да ја отфрли пријавата за говорот на омраза што го шири Миленко Неделковски. Во низа други случаи, Обвинителството носи одлуки според партиски интереси, а не во служба на правдата“, изјави за ЦИВИЛ Медиа новинарот Борјан Јовановски, по повод  одлуката на Вишото јавно обвинителство во Скопје, според кое, изјавите на Неделковски „не се изјави со кои се поттикнува омраза, дискриминација и насилство, туку се само искажани ставови за физички лица“.

liberas.mk

Борјан Јовановски

„Физичките лица“ за кои Неделковски изнесуваше ставови, покрај Јовановски се и  новинарите Бранко Геровски, Ацо Кабранов, Јадранка Костова и Сашо Орданоски.

Во декември минатата година Неделковски во порака на Фејсбук, експлицитно на новинарите им се заканува со линчување и покривање со бетонска плоча!

Кога ќе излеземе со народот на улица, кога ќе ни прек...., а тоа е наскоро, јас со мојата група ќе одам по овој ред:
1. Дома кај Б
.Г. да му го исправам погледот.
2. Потоа
, кај семејството од Брајчино со шиптарска снаа. Е, таму, ќе има циркуси.
3. Па
, кај оној што дува на полноќ.
4. После кај С
.О. каде ќе го барам и брат му В.О.
И на крај
, кај Берович Бетон, да нарачам цемент за плочата. Железо 12-ка имам“, напишал Неделковски.

Од Здружението на новинари на Македонија реагираа на одлуката на обвинителот од Вишото јавно обвинителство во Скопје, Азиз Шаќири, за кого, со ваквите ставови на Неделковски не се поттикнува омраза, дискриминација и насилство, туку се само искажани ставови за физички лица.

„Шаќири практично само го потврди решението на обвинителката Јасмина Костевска Здравевска од Основното јавно обвинителство во Скопје, која во март годинава го одби нашето барање за гонење на Неделковски. Обвинителот Шаќири си поигрува мајтап со правниот поредок на земјата. Место издржана обвинителска одлука, носи политички памфлет, со која преку селективна примена на законите, се обидува да ги штити од прогон пропагандистите на власта и тогаш кога очигледно се закануваат со насилство и шират омраза.

Станува јасно дека смртните закани кон новинарите се порачани од врвот на власта, која го користи Неделковски како мегафон да предизвика страв и несигурност кај новинарите и да ги одврати од намерата да пишуваат за нејзините недемократски практики на владеење. Исто така, власта преку агресивна  медиумска кампања сака да ја наруши довербата и кредибилитет на сите новинари што ја критикуваат неа“, соопшти ЗНМ..

Од ЗНМ го повикуваат Здружението на обвинители да го осудат ваквото скандалозно решение, а Советот на јавни обвинители да се произнесе за незаконското, нестручното и несовесно постапување на обвинителот. ЗНМ за случајот ќе ги извести сите амбасади во Скопје.

Новинарот Јовановски за ЦИВИЛ Медиа изјави дека неодамнешното убиството на пратеничката во Велика Британија е извршено поради ширење на говор на омраза.

„Доколку во иднина се случат некои несакани работи, тоа ќе биде на совеста на Обвинителството“, вели Јовановски.

ЦМ

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian