Започнува кампањата за парламентарните избори

Утре, на 5 април 2014, официјално започнува кампањата за парламентарните избори, која ќе трае две недели. Парламентарните избори ќе се одржат на 27 април 2014, заедно со втор круг на претседателските избори.

Државната изборна комисија (ДИК) го затвори Избирачкиот список за претседателските избори, во кој се евидентирани 1.779.572 граѓани со право на глас. Што се однесува на бројот на избирачи за парламентарните избори, ДИК сé уште не се произнесе со конкретни цифри. Потпретседателот на ДИК, Субхи Јакупи, во интервју за ЦИВИЛ, изјави дека повеќе од 800 лица се исфрлени од Избирачкиот список за претседателските избори 2014 и дека комисијата ќе работи на понатамошно чистење на Избирачкиот список во пресрет на парламентарните избори.

ЦИВИЛ ќе ги следи претседателските избори со 50 мобилни набљудувачи акредитирани во ДИК и уште толку активисти кои ќе бидат распоредени низ целата земја. Граѓан(к)ите континуирано ја искажуваат својата доверба во ЦИВИЛ и секојдневно се јавуваат со свои информации за текот на изборната кампања.

Print Friendly, PDF & Email