Гласачи „исчезнуваат“ од Избирачкиот список!

Избирачкиот список не смее да стане алатка за манипулација со изборниот резултат! ЦИВИЛ - Центар за слобода, денеска, особено во последните неколку часови, регистира голем број на пријави на граѓан(к)и за лица кои, според нивните реакции, се избришани од Избирачкиот список. Станува збор за лица кои со години наназад гласале на исто избирачко место и кои и последниот пат кога ја провериле состојбата, пред затворањето на списокот, биле во него!

Револтираните граѓани тврдат дека немаат доверба во државните институции и бараат преку граѓанскиот сектор, да биде известена демократската јавност за тоа што се случува.

ЦИВИЛ категорично бара од Државната изборна комисија веднаш да ја расчисти новонастанатата ситуација. ДИК мора да осмисли методолгија како да им овозможи на онеправданите граѓани кои немаат никаква вина за хаосот во Избирачкиот список, да го остварат своето уставно загарантирано право на глас.

ЦИВИЛ апелира ДИК да ги испрати своите службеници на терен и адекватно да им одговори на сите „исчезнати“ од Избирачкиот список, за причините на развојот на настаните.

Избирачкиот список, особено по неговото заклучување, не смее да стане алатка за манипулација со изборниот резултат!

ЦИВИЛ бара спроведување на јасна постапка, преку која сите граѓанки и граѓани ќе го остварат своето право на глас!

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish