Државните службеници во служба на изборната кампања

Набљудувачите на Цивил на овие претседателски и парламентарни избори забележаа неколку злоупотреби на јавните и државни институции. Покрај тоа, тие забележаа злоупотреба и на работното место и на работното време.

miting

Една партија во Велес одржа митинг на кој вработените од комунално претпријатие ја напуштиле работата за да учествуваат на него. Работниците носеа партиски маици.

Во текот на митингот одржан во Свети Николе, на вработените во јавната администрација им се заканиле дека доколку не дојдат на митинг, ќе бидат избркани од работа. На вработените им било речено дека треба да земат и членови на семејството со себе.

Градоначалникот на Кавадарци отишол во Бирото за вработување во работно време и им рекол на вработените дека треба да гласаат за одредена партија. Исто така, активисти на оваа партија агитирале кај вработените во јавни и државни претпријатија.

Неодамна, директорот на една струшка болница, во работно време учествувал на промоција на изборната програма на својата партија низ градот. Вработени во државните институции ја напуштиле работата со иста цел.

Арбана Ќерими

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish