Меѓу извештаите и демантите

Продолжуваат реакциите по извештајот на набљудувачите на Цивил за текот на изборниот процес и постизборните денови во општина Теарце за наводното незадоволство на гласачите на ДПА. Во разговорот со претставник на Изборниот штаб на ДПА Теарце во седиштето на Цивил денеска, тој остана на ставот дека „членовите и гласачите на ДПА не може да бидат поткупени за ништо на светот“.

Поради контрадикторноста на различните изјави од теренот, ние во Цивил чувствуваме обврска да соопштиме дека Теарце, како и низа други општини во Македонија во текот на постизборието, ќе остане под лупата на Цивил. Во моментов, екипата на Цивил работи на прибирање податоци и изјави од теренот и ќе излезе со конечни податоци следната недела.

Во меѓувреме, додека не се разјаснат сите сомнежи околу овие податоци, но и по собирање на дополнителниот материјал од теренот за кој веруваме дека ќе открие и дополнителни податоци за состојбите, Цивил замолува за разбирање од граѓан(к)ите на општина Теарце, вклучително и од гласачите на ДПА, за евентуалните недоразбирања и контрадикторни изјави и се надеваме дека ќе наидеме на соработка како и секогаш досега до конечно обелоденување на фактите.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish