Спировска: Николај, нема да ти ги заборавиме Мартин и Тамара!

"No Pasaran!", извикуваа вчера илјадниците демонстранти пред „Порта Македонија“ („Триумфалната“ капија), по обраќањето на „шарената револуционерка“, младата актерка Симона Спировска.

Обраќајќи му се на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, обвинувајќи го за украдените медиуми, соборците од протестите кои останалена патот, за случаите на Мартин Нешковски и Тамара Димовска, таа ја потенцираше, според неа, разликата меѓу експремиерот и демонстрантите: „Додека ти се бориш да си ја спасиш сопствената кожа и евентуално кожата на батко ти Саше, ние се бориме за правда и слобода за сите!“

Барајќи затворање на вистинските криминалци, а ослободување на притворените продемократски демонстранти, Спировска, обраќајќи му се на Ѓорге Иванов, побара од него целосно повлекување на аболицијата и негова оставка што беше проследено со скандирање на демонстрантите.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian