Лекција за политички дијалог

Лидери на 11 политички партии, политички иницијативи и партии во формирање кои не се дел од преговорите за спроведување на договорот од Пржино, претседатели, потпретседатели, поранешни и сегашни пратеници, на дебатата на ЦИВИЛ ги изразија своите ставови за политичките состојби, преговорите за реформите и за тоа дали се исполнети условите за слободни избори.

Пишува: Петрит Сарачини

Пишува: Петрит Сарачини

Дојдоа 11 луѓе, од различни етнички заедници, со различни идеологии и убедувања, покажаа дека за пристојна и аргументирана дебата, никогаш не е гужва, ниту пак има премалку време. Нивните ставови беа поаргументирани и поразумни од оние на политички забарикадираните и завојувани страни, а особено на власта, кои со години доминираат во јавноста.

Речиси два часа, без меѓусебни обвинувања и етикетирања, со меѓусебни согласувања, но и различни гледишта и предлози, таква дебата меѓу политичари во Македонија се гледа ретко. Како што забележа Џабир Дерала, овие партии покажаа дека не се "мали". Напротив.

Се разбира, малку медиуми ќе известат за овој настан, очекуваните 3-4 телевизии, 1-2 весника, неколку сајтови. За вакви настани нема да се информирате од највлијателните медиуми или од јавниот сервис. Таму се даваат филмови за големите. Но, вистината е како шило, нели...?

Деклем, што би рекол младиќот, возможно е ова општество да произведе и други вредности, освен оние "забетонираните" од Пржино, кои полека-полека се претвораат во поезија на тоалетна хартија.

Две работи само фалат: "Малите", здружени со граѓанските движења и граѓаните, да ја согледаат својата вистинска сила и да ја операционализираат. И, секако, уште овие "поголемите" да научат нешто од "помалите", сите ние, и големи и мали, и вакви и онакви, ќе бидеме далеку посреќни.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish