АМС попречува избор на младински претставник во регионот!

Младите во Македонија по втор пат  останаа без свој легитимен претставник во Управниот одбор на Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО). На денешното гласање, требаше да се изгласа еден од двата претставника од Македонија во РИКО, кој според правилата на функционирање на РИКО, треба да го претставува граѓанскиот сектор.

_DSC0405

Во Управниот одбор, Македонија треба да испрати два претставника. Првиот го бираат државните институции кои се дел од процесот (во Македонија: Агенцијата за млади и спорт, Министерството за надворешни работи, Националната агенција за мобилност, Министерството за образование и Министерството за култура…), додека вториот претставник го бираат младите кои се претставници на граѓански организации што се дел од работната група, одговорна за изборот на младинскиот претставник. Сепак, како што посочија претставниците на младинските организации, Агенцијата за млади и спорт со желба да има два институционални претставника, спротивно на правилата на РИКО, повторно со низа на нерегуларности во изборот, во нетранспарентен процес, со отсуство на медиуми, не дозволи младите да го изберат својот претставник!

Според претставниците на младинските организации кои се дел од работната група, целиот процес на бирање на нивен претставник покажува дека државните институции не соработуваат со младите.

Младинските организации се загрижени дека ќе се повтори истото сценарио од минатата година, кога  претставникот на младите во РИКО, Фатон Положани, тогаш бил вработен во Владата, а во моментов е заменик министер за транспорт и врски.

Марија Теговска

Камера: Дехран Муратов

 

Print Friendly, PDF & Email