ЦИВИЛ во Битола на работен состанок за слободни избори

ЦИВИЛ - Центар за слобода во рамките на проектот „Слободни избори за слободни граѓан(к)и“ организира состанок со претставниците на политички партии, граѓанското општество, медиумите и други засегнати страни, заедно со кординативното тело на ЦИВИЛ за регион Битола. На средбата ќе се дискутира за процесите за надминување на политичката криза и обезбедување услови за слободни избори.

Средбата ќе започне денес, понеделник (04.01.2016) во 16:30 и ќе се одржува во Хотел Театар.

Слободни избори за слободни граѓан(к)и е проект кој ќе придонесе во процесот на подготовка на слободни избори во Република Македонија. Овој проект ја претставува потребата на граѓан(к)ите да се создадат услови за спроведување на избори во демократска атмосфера со почитување на човековите права и слободи, пред сè, со почитување на слободната волја на гласачите. Проектот го финансира Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Print Friendly, PDF & Email